fbpx

На ВМРО-ДПМНЕ му стана навика да злоупотребува трагедии во политички цели, здравствениот систем се унапредува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На ВМРО-ДПМНЕ очигледно му стана навика да злоупотребува човечки несреќи во дневнополитички цели со што само покажува во каков очај и безидејност се наоѓа опозициската партија.

Токму ВМРО-ДПМНЕ 10 години не направи ништо ниту за здравството, ги понижуваше лекарите и пациентите и го урниса здравствениот систем, а денес шири лаги и неоснована паника меѓу граѓаните.

Поради таквите лоши политики на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ја изгубија довербата во здравствениот систем. За разлика од таквиот однос, денес Владата предводена од СДСМ инвестира во здравството и ја враќа загубената доверба.

Како резултат на активностите кои ги презема Владата предводена од СДСМ, новороденичката смртност на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е намалена за 30 отсто, која во време на ВМРО-ДПМНЕ беше многу поголема.

Формирањето на јавното приватно партнерство за менаџирање на стерилизацијата за кое ВМРО-ДПМНЕ со денови лаже, ќе биде во корист на пациентите. Со воведувањето на принципот на јавно приватно партнерство Трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за здравствено осигурување и беа исплаќани на паушално ниво кон болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, ќе бидат оптимизирани и контролирани. Квалитетот на опремата која ќе се користи ќе биде зголемен, а сегашната опрема која е стара и предизвикува проблеми, ќе биде сменета со нова.

Не минуваат веќе лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, јасно потврди дека јавните набавки во Министерството за здравство се кристално чисти и законски.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на лажните вести и злоупотребата на човечки трагедии.

Скопје, 19.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести