fbpx

Најголеми лаги на Мицкоски во 2022 година, лага 1: асимилација и бугаризација!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конфренција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

2022 е година којашто ќе остане запаметена по голем број лаги и невистини на Христијан Мицкоски.

Мицкоски стана целосен заложник на Димитар Апасиев. Немаше период од годината а Мицкоски да не излезеше со тешка лага, манипулација или конструкција.

Лага број #1, првата и најголема лага на Мицкоски за 2022 година е дека ќе ни се случи асимилација и бугаризација!

Со оваа голема лага Мицкоски и Апасиев создаваа хистерија во јавноста и го потпалуваа народот.

Токму под слоганот „Не за асимилација и бугаризација“ Мицкоски и Апасиев водеа секојдневни насилни протести против францускиот односно европскиот предлог.

Резултат на таа хистерија беа насилните протести и фрлањето молотиви коктели врз институциите.

„Последниот предлог не е ништо друго освен класична асимилација на македонскиот народ и македонскиот идентитет“

„Ова што ни се нуди е асимилација и бугаризација а не ЕУ„

Ова беа зборовите, односно лагите на Мицкоски кои извираа од неговата уста секој ден.

Лажеше Мицкоски и за македонскиот јазик, заедно со неговите пратеници лажеше дека македонскиот јазик ќе бил прогласен за бугарски дијалект.

Овие лаги на Мицкоски потонаа во вода многу бргу.

После 5 месеци тоа е јасно како бел ден. Мицкоски лажеше!

Нема асимилација, нема бугаризација. Има заштитен македонски јазик во ЕУ.

Се одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ, каде јасно и недвосмислено стоеше македонски јазик, без додавки, без фусноти и без објаснувања.

На македонски јазик со чиста формулација се одвива и скриниг процесот кој е во тек.

Договорот за ФРОНТЕКС е потпишан на чист македонски јазик и на официјалните јазици на ЕУ.

Се потврди дека Мицкоски ги лаже сопствените граѓани, нема став и затоа е во целосно заложништво на Димитар Апасиев.

Едноставно, на Мицкоски не може да му се верува!

Последни вести