fbpx

Костадинов: СДСМ покажува дека е државотоврна партија, во 2022 година ги започнавме преговорите со ЕУ, ги покачивме платите и пензиите

Facebook
Twitter
LinkedIn

2022-рата година ја оценува предизвикувачка, година во која мерките и политиките на Владата дадоа резултат, особено во време на економска и енергетска криза, кажа потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето во Телевизија 24.

Во изминатава 2022 година СДСМ повторно покажа дека е државотворна партија која се грижи за граѓаните и државата, порача потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, во гостување во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24

Костадинов истакна дека СДСМ преку државнички и одговорен пристап обезбеди почеток на преговорите и дека тие преговори се одвиваат на официјален македонски јазик без фусноти и без додавки, со што пропаднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводна асимилација и бугаризација.

„2022 беше предизвикувачка година, година на економска и енергетска криза, но мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ дадоа резултат. Ја зголемивме минималната палта, пензиите, но и платите во многу сектори, како што е образованието и детската заштита, порача Костадинов, додавајќи дека наредната година продолжува реализацијата на врвната стратешка цел – членство во ЕУ.

Осврнувајќи на се на евентуални предвремени избори, Костадинов оцени дека изборите ќе бидат во редовниот термин во 2024 година.

Последни вести