Соопштение за јавност
Македонските граѓани сакаат да бидат дел од ЕУ, тука во својата држава да живеат а не во туѓина и и тоа е она што сите пратеници треба да им го овозможат на граѓаните, и во оваа насока уставните измени се обврска на сите политички партии, рече во интервју за Националниот сервис МТВ, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
„Уставните измени и сите одлуки кои што понатаму ќе следат до полноправно членство се обврска на сите политички партии, тоа е над-партиски интерес за граѓаните а не за политичките партии. Политичките партии имаат многу други теми на кои што можат дневно политички да се натпреваруваат, од политика на даноци, социјални политики, инвестициски политики…Mеѓутоа ова прашање е прашање на иднината на граѓаните. Бидејќи македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама тие сакаат да живеат во ЕУ тука во својата држава а не да живеат во ЕУ како до сега во туѓина, во други земји, како вработени во компании кои што практично живеат надвор од својата држава и тоа е тоа што сите пратеници треба да им го овозможат на граѓаните.“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ, Ковачевски додава дека е рационален оптимист.
“Јас неколку пати сум кажал дека сум рационален оптимист. Тоа значи дека јас верувам во целта, меѓутоа работам таа цел да се оствари. Исто како што беше со енергетската криза јас не давав премногу изјави меѓутоа сега сите граѓани се уверија дека нема ценовен шок, исто како што верував дека може да обезбедиме затоплување за градот Скопје. Исто како што верував дека во време на криза можеме да ја зголемиме минималната плата и да обезбедиме финансирање преку инструментите на ММФ кои што ги немавме во минатото, исто така верувам дека и ова ќе се оствари бидејќи се работи за неповратен процес.“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за НТВ.
https://fb.watch/hIlG1yq-xE/