fbpx

Струјата нема да поскапи, пониски сметки за домаќинствата и малите компании

Facebook
Twitter
LinkedIn

Од први јануари 2023 година согласно новата методологија на Регулатроната комисија за енергетика цената на електричната енергија ќе се намали за домаќинствата и за малите компании.

Цената на струјата за домаќинствата во првиот блок од 1-ви јануари ќе се намали за 4,11 отсто, а за вториот блок за 2,95 отсто.

Тоа значи дека 99,2 отсто од домаќинствата, од следниот месец ќе добиваат пониски сметки за струја.

Сериозно намалување на сметките за електрична енергија ќе има и за над 70.000 мали компании со што значително ќе им се помогне на семејните бизниси.

Со ова паѓаат во вода лагите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека од први јануари ќе има сериозно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.

Последни вести