Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Цела 2022 година ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ширеа лаги во јавноста.
Меѓу најголемите лаги е дека ВМРО-ДПМНЕ не била во коалиција со Данела Арсовска.
Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се оттргнат од Арсовска.
Факт е дека таа беше нивен кандидат за градоначалник, дека токму Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ бараа поддршка од граѓаните за Арсовска, факт е дека таа победата ја славеше во Белиот дворец.
Поддршката од советниците на ВМРО-ДПМНЕ за Буџетот за 2023 година предложен од Арсовска е последниот доказ дека коалицијата Мицкоски – Арсовска – Левица и натаму функционира, а дека кавгите меѓу Арсовска и Мицкоски биле само заради тендери.
Сета одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје е кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и тоа не може да се промени со ниту една лага, со ниту еден обид за дистанцирање.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најголемиот извор на лажни вести. На Мицкоски не може да му се верува.