fbpx

ВМРО -ДПМНЕ не прави ништо, СДСМ со конкретни мерки за борба против загадениот воздух во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Загадувањето на воздухот во Скопје останува алармантна тема, која бара одговорност и преземање итни мерки од локалната власт во градот, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Измина цела една година а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, заедно со нивната коалиција со Левица и Данела Арсовска не преземаа ништо за загадениот воздух.

Хаосот во јавниот превоз дополнително влијае на зголемување на загаденоста.

Згора на се, додека скопјани дишат енормно загаден воздух, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина за дури 44 %.

Додека ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска не прават ништо, СДСМ поднесува иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје и предлага конкретни мерки за борба против загадениот воздух во главниот град:

1. Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

2. Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

3. Итна пренамена на пари во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на средствата за борба против загадувањето.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати овие мерки во интерес на скопјани и за најважното, здравјето на граѓаните.

Последни вести