Соопштение за јавност
Времето за избори ќе дојде, тоа е 2024 година, сега пред нас се други приоритети, порача вечерва за Телевизија 24 членот на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Петров.
Тој оцени дека пропадна апокалиптичното сценарио на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се распадне енергетскиот систем, дека ќе немаме греење.
„За време на најголемата војна после Втората светска војна, власта успева да се справи со состојбата со оглед на ресурсите што се на располагање. Имаме консодилидиран енергетски систем, пуштен во употреба е и третиот блок на РЕК Битола, тоа се доби резултати“ порача Петров.
Петров истакна дека државата има свои приоритети, а изборите не се меѓу нив, додавајќи дека покрај енергетиката, приоритет се и борбата против криминалот и евроинтегративниот процес на државата.
„Главната работа што ја вети оваа коалиција е дека државата ќе стане членка на НАТО и стана членка на НАТО. Ветено беше и дека ќе почнат преговори и ги почнавме преговорите за членство. Државата го почна скринингот што е еднаков и ист за сите земји. Не треба од се да печалиме политички поени. Заедно со Албанија почна процесот и скринингот трае од 12 до 15 месеци. Во тој период се скенира целиот систем, а кога тоа ќе заврши почнуваат поглавјата“ порача членот на ИО на СДСМ, Андреј Петров.