fbpx

Шутаров: Потребна е вонредна седница и итни мерки против загадувањето, а не празни ветувања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Советникот на СДСМ во Советот на Град Скопје Гордан Шутаров во емисијата „Клан Дебата“, на телевизија Клан истакна СДСМ поднесе иницијатива за одржување на вонредна седница за загадениот воздух и предложи сет мерки, следејќи ги препораките на министерството за животна средина и просторно планирање и аларамантините граници на ПМ 2,5 и ПМ 10 честиците во воздухот.

Сметам дека треба да имаме вонредна седница на која ќе ги обединиме сите предлози, што би ги дале сите советнички групи за да интервенириме со краткорочни интервентни мерки, нагласи Шутаров, додавајќи дека со предложените седум мерки не може долгорочно да се реши проблемот со загадувањето во Скопје, но кракторочно треба и мора да се излеземе во пресрет на граѓаните.

Шутаров истакна дека локалните самоуправи не можат да се оттргнат од одговорноста, не требаат празни ветувања, за нови еколошки 250 автобуси, потоа непродолжување со проектот за локален еколошки превоз БРТ, кој ќе ја намалеше гужвата.

И покрај потребата од итни мерки сите знаеме како заврши проектот за пречистителната станица и мега парковите, а за мега паркот во Ѓорче Петров има прекршочна санкција за констатирани неправилности, нагласи Шутаров.

Советникот од СДСМ Гордан Шутаров нагласи дека средствата за заштита на животна средина во градскиот буџет се намалени од 88 милиони денари во 2022 година на 44 милиони денари оваа година, а во педиодот од 2016 – 2021 година изнесувале околу 140-150 милиони денари, па и до 380 милиони денари.

Поразително е што трендот на средствата од градскиот буџет наменети за животна средина е во надолна линија, а дополнителен негативен податок е искористеноста на овие средства од само 4 проценти, според кварталниот извештај од 30.09.2022 година, потенцираше Шуратов.

Шутаров изрази надеж дека сите советнички групи во Град Скопје ќе смогнат сили да предложат мерки и тоа краткорочни интервентни, но и среднорочни и долгорочни мерки за справување со загадувањето, кои нема да зависат од волјата на владите и локалните самоуправи што се менуваат.

Потребна е енергетска трансформација, за потсетување Владата во 2022 година инсталираше 141 мегавати обвнивливи извори на енергија, а оваа година ќе се искачи до 300 мегавати обновливи енергија, порача советникот на СДСМ во Советот на Град Скопје Гордан Шутаров во емисијата „Клан Дебата“, на телевизија Клан.

Последни вести