Соопштение за јавност
Инвестициите во земјоделството, зголемените и навремени субвенции за земјоделците, конкурентното производство, даваат реални резултати во унапредувањето и развојот на земјоделството.
Според официјалните податоци, извозот на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 година е зголемен за 8 отсто во однос на 2018 година, односно во апсолутни бројки, извозот е за 42,2 милиони евра поголем во однос на првите три месеци од минатата година.
Со формалното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се отвораат можности за пристап до нови пазари, пристап до нови знаење и технологии што директно ќе придонесе за развој на поконкуретно производство, зголемен извоз и повеќе пари кај граѓаните.
Скопје, 11.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА