Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани,
Преку одговорен пристап, со навремени и ефикасни мерки, Владата предводена од СДСМ на дело покажа успешно менаџирање со последиците од глобалната енергетска криза.
Истовремено, Христијан Мицкоски покажа целосно непознавање за енергетиката и се што заложникот на Апасиев и Левица кажа, на крајот излезе погрешно.
Мицкоски свесно и намерно ги лажеше граѓаните дека енергетскиот сектор само што не пропаднал, дека за оваа зима нема да имаме доволно електрична енергија и енергенси.
Денес, за првпат во 70 години, со полн капацитет работат сите енергетски постројки во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите.
За прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.
Мицкоски паничеше и велеше да се набави гас одеднаш за цела грејна сезона, во период кога цената на овој енергенс рушеше рекорди.
Ако се послушаше Мицкоски сега државата ќе беше во загуба од стотици милиони евра.
Мицкоски ја лажеше и плашеше јавноста и дека цената на електрична енергија драстично ќе се зголем.
Денес, цената на струјата е намалена за 20 отсто, за околу 70.000 мали компании, што се на регулираниот пазар, а 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.
И за време на оваа криза, исто како и за време на пандемијата, Мицкоски се постави против државните инситуции и со лаги и дезинформации ја поткопуваше нивната работа.
Се докажа уште еднаш дека Мицкоски го бива само за да пласира лажни вести и дезинформации, дека нема никакви познавања ниту од енергетика, ниту од економија.