Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Почитувани,
Владата предводена од СДСМ преку навремени и одговорни економски политики успеа да се справи со последиците од глобалната економска и енергетска криза.
Во најкризната година во Европа платите продолжија да растат, продолжи и зголемувањето на нови странски инвестиции и нови работни места.
2022 година ја завршивме со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции во ТИР зоните, каде добиваат плати кои генерално се повисоки од државниот просек.
Околу 16.300 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони низ целата држава.
Извозот од ТИР зоните во 2022 година, достигна 3,7 милијарди евра што меѓу другото се должи и на новоотворените работни места.
Според првичните анализи на секој 1 денар вложен од државата, компаниите вратиле 4 денари назад во буџетот, што значи дека за разлика од претходно, сега имаме инвестиции кои носат поголема додадена вредност и за државата и за граѓаните.
Со одговорен пристап, овој тренд треба да продолжи и во оваа, 2023 година, за што показател е новата инвестиција од 400 милиони евра на компанијата „Магна мехатроникс“ која започна со подготовки за изградба на нова фабрика.
Оваа, но и другите странски инвестиции предвидени за периодов позитивно ќе влијаат врз раст на просечната плата која за првпат во историјата изнесува над 33.000 денари.
Сето ова е показател за успешните економски политики на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ.
Продолжуваме со реализација на мерки и политики кои носат економски пресврт и повисок животен стандард за сите граѓани.