fbpx

Колумна на Бисера Стојчевска Костадиновска: Од нас зависи дали ја препознаваме иднината

Facebook
Twitter
LinkedIn

Од нас зависи дали ја препознаваме иднината

Со дадени животи добивме слобода, со ум се поставени темелите на современата македонска држава, со труд и чесност е изградена, со визија од феудална и поробена држава до достоен живот во хумано општество. Тоа го можат само достоинствени луѓе, луѓе со храбро срце.

Нашите борци, нашите партизани неизбришливо нè запишаа во редот на храбрите народи зашто бескомпромисно знаеа која е вистинската страна, кои се нашите сојузници.
Од ова место сакам да ве уверам и да ви го дадам својот збор дека ние продолжуваме по истиот пат. Таа определба е во нашите гени. Таа жртва е наша заклетва. Ние сме почитувачи на тоа големо дело, ние сме негови следбеници.

Во време кога е извојувана Големата победа и кога не огреа слободата, светот беше поделен на пријатели и на непријатели. Денеска, чинам, таа поделба е на храбри и на кукавици. На оние кои храбро ја бранат слободата и на оние кои кукавички демнат кон тиранијата. На светот секогаш му се потребни храбри луѓе. Тие се оние кои носат тешки одлуки во тешки времиња, кои со ум владеат со своите емоции и со срце ја бранат слободата на својата земја, на својот народ, на своето семејство. Храбриот човек е чесен човек. Кукавицата е подготвен на сè друго зашто негов господар е стравот. А стравот е најголем пораз. Стравот поттикнува на агресија, а храброста на херојство. Тоа е таа огромна разлика. Затоа велат: „кукавиците умираат секој ден, а храбрите само еднаш“. И живеат за секогаш.

Нашите борци од НОВ секогаш ќе живеат во нас, во нашите срца и ќе бидат наша вечна инспирација. Ако заборавиме на нив, ние сме изгубиле сè. Ако јас заборавам на мојот дедо, што ќе помнат моите деца ?
Толку се боревме и толку ја посакувавме слободата што сега мора да имаме искуство да ги препознаеме и да не заборавиме дека „среќните робови денеска се најжестоки противници на слободата“ и дека токму тие најгласно ја валкаат слободата. Ние, Македонците, одамна ја дигнавме главата, но не за да покориме некого туку за да живееме во разбирање со секого. Нашата вековна мудрост нė научи дека оној што ни задал низок удар веќе доволно се наведнал пред нас и се понижил и пред историјата и пред фактите.

Вечен да е споменот на македонските борци за слобода, вечен да е споменот на сите жртви од НОВ, да го чуваме Сојузот на борците за да не потсетува дека сме храбар и мудар народ со богато минато.
Среќен роденден претседателе, да учиме од Вашата мудрост!

Последни вести