Соопштение за јавност
Сите оние кои веруваме во европскиот пат кој е стратешка цел мора да го негуваме и на висина на одговорноста која ја имаме мора да понудиме сигурна сегашност, но и иднина, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов, во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.
Во однос на преговорите за зголемување на парламентарното мнозинство, Костадинов посочи дека се уште не се разговара и дека тој процес допрва ќе следи.
– Работна група од СДСМ ќе го води процесот на преговарање со Алијанса за Албанците, како што сите слушнавте, во изјавите на претседателите на двете партии, Димитар Ковачевски и Арбен Таравари сега се дискутира за европската перспектива на земјата. Кога ќе имаме деталите, партиските органи повторно ќе разговараат. Во ниту еден момент тоа не ја исклучува Алтернатива или било која партија. Се формираше тимот кој треба да преговара, но во ниту еден момент не е ставено под знак прашалник членството на Алтернатива во Владата, тоа не е наша идеја и заложба, рече Костадинов.
Во пресрет на уставните измени и реформите важни за европската иднина, Костадинов повика на лична одговорност на секој политичар кон граѓаните и кон државата.
„Еднаш засекогаш треба исклучиво да се работи на постигнување на стратешките цели без калкулантство и други интереси да ни го земат приматот“ порача потпретседателот Костадинов.