fbpx

Шпицниот градоначалник Мицкоски ги заглавува општините во кои власт е ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и неспособните кадри на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините, ги партизираат општинските администрации, ги зголемуваат цените на комуналните услуги.

Со „општински обврзници“ задолжуваат богати општини, со што го отвораат патот тие да станат заложници на крупниот бизнис кој би ги купил обврзниците, а потоа би влијаел врз работата на локалните власти.

Се караат за тендери и провизии, поважни им се бизнис интересите, отколку решавање на локалните проблеми и интересите на граѓаните.

Мицкоски, иако нема никаква надлежност оди по општините и промовира проекти на поранешните градоначалници од СДСМ, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет пред него наместо тоа да го прават пред граѓаните кои ги гласаа.

Локалната власт предводена од шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги заглавува општините, граѓаните плаќаат поскапи комунални услуги и отплаќаат кредити со непознати каматни стапки, за нејасни и необразложени проекти.

Последни вести