fbpx

Заев, Димитров и Пендаровски од Битола: Направете нов чекор напред за децата и иднината, Силјановска е скриено лице на режимот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Време е европски да живееме, да бидеме херои на оваа генерација, е пораката што ја испратија од Битола претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

-Слога внатре, интеграции, влегуваме во НАТО, ќе добиеме во јуни датум за ЕУ. Ја позиционираме нашата држава, со што дефинитивно испраќаме порака дека само со оваа опција, Заедно Напред евро-атлантските генерации се загарантирани. Истовремено велиме НЕ за враќање на Груевски и фамилијата на власт, рече претседателскит кандидат Пендаровски.

Тој најави политики исклучиво во интерес на граѓаните.

-Ќе дадам поддршка на сите позитивни проекти за граѓаните од оваа власт и која било друга власт. Нема амнестија за криминалци, ќе има право и правда за сите, порача претсеадтелскиот кандидат Пендаровски.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров предочи дека на овие претседателски избори има опција Напред и друг концепт што влече Назад.

-Зборуваат за Правда за Македонија, а сакаат да нема одговорност за лидерството на  таа партија. Нас ни треба да се натпреваруваме кој побрзо, но во ист правец. Да ги поразиме убедливо во недела и да им помогнеме да пораснат, повика министерот за надворешни работи, Димитров.

Тој рече дека за две години, нашата земја од зависна од еден човек, за тоа кој ќе добие работа, со инспекции – заробена држава, како што е квалификувана од меѓународната заедница, денес е пред вратите на НАТО и на ЕУ и побара поддршка за политиките што водат Напред, што е можно со глас во недела за заедничкиот претседателски кандидат Пендаровски.  

Претседателот на СДСМ и премиер, Заев, испрати повик до мајките Македонки, Албанки, Турчинки, Влаинки, Ромки, Босанки, до татковците, до младите од сите етнички заедници на одговорност за иднината и во име на натамошен економски напредок на државата.

-Од мултиетничка Битола ја испраќам пораката, направете чекор за вашите деца, се одлучува идниината на земјата, порача претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој испрати три пораки.

-Испраќам порака до режимот, никогаш повеќе режим. Го поставивме системот, нема да дозволиме да се врати режимот. Гордана Силјановска е скриено лице на режимот. Лице на прогресот и напредокот е Стево Пендаровски. Втората порака е за правната држава. Силјановска зборува за правдата, и самата призна, бидејки на анкетите граѓаните сакале да слушаат за правда. Таа не применува ни П од правдата. Сака амнестија за криминалци. Криминалците че одговараат. Со Стево Пендаровски ќе има правда, правдата ќе блеска. И третата порака е до оние кои останаа дома, кои гласаа за Блерим Река, налитени, оние кои мислат дека можело без нив, дури и до дел од оние кои гласаа за Силјановска: обврската кон татковината ни е заедничка, оваа одлука е за пат Напред и Заедно или Назад и поделби. Прстот на чело, да донесеме одговорна одлука, целиот свет го поздравува овој пат по кој одиме, да го избереме Стево Пендаровски за претсдедател на државата, порача на завршната трибина со граѓаните во Битола, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

Последни вести