fbpx

Да го потсетиме Мицкоски како самиот се матираше: нема 61 пратеник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Шпицниот градоначалник и несуден шахист Христијан Мицкоски со задоволство ќе го потсетиме како самиот се матираше. Повторно.

Пред само 2 месеци Мицкоски излезе повторно со изјава пред целата јавност дека овој пат има 61 пратеник и дека во јануари или февруари ќе има ново парламентарно мнозинство за да се распушти Собранието и да се распишат предвремени избори.

Еве пројде јануари, дојде февруари ниту Мицкоски има 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту распиштање на Собранието. А владејачкото мнозинство може да се зголеми.

Мицкоски со години го лаже своето членство, ја лаже и јавноста дека само што не создал ново парламентарно мнозинство, дека само што не собрал 61 пратеник за распуштање на Собранието.

Ништо од тоа, самиот си се матира. Мицкоски е постојано поразуван и демантиран, но очигледно голем му е стравот за фотелјата во Белиот дворец.

Тоа што на политиката гледа како шанса за богатење доволно кажува каков човек е Мицкоски и затоа го очекуваат нови порази.

Последни вести