fbpx

Поголемо парламентарно мнозинство за реформи, економски политки и интеграција во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ обезбеди поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и забрзана интеграција на државата во ЕУ.

Предлогот на претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски за реконструкција на Владата со кадровските решенија е во собраниска процедура.

Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност, унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.

Во време, кога се уште трае енергетската и економската криза од големо значење е да се спречат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, да нема заглавени закони во Собранието.

Зголеменото владино мнозинство ќе се грижи за справување со кризата, унапредување на животот на граѓаните, заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година.

Зголеменото мнозинство овозможува да продолжи енергетската транзиција, економските иницијативи како Отворен Балкан, регионалната соработка, поголема поддршка за стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на добрососедските односи.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство посветено ќе работат на забрзана европска интеграција.

Државата и граѓаните немаат време за губење.

Последни вести