Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера не гласаа за ратификација на Договорот со Фронтекс и со тоа уште еднаш го покажаа своето вистинско лице.
ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна партија која е против ЕУ, против македонскиот јазик.
Откако со месеци лажеа и ширеа хистерија дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, дека ќе имало асимилација и бугаризација, откако не смогнаа сили да честитаат за потпишувањето на Договорот со Фронтекс на официјален македонски јазик, пратениците од МРО-ДПМНЕ не гласаа за ратификација на овој Договор.
Додека се носат важни закони за граѓаните и државата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ платени со парите од граѓаните, не се во салата, не се на своето работно место, не гласаат и не даваат никаков придонес.
Ете тоа е односот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кон Собранието ком државата и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ се нервозни што не им успеа сценаријата за предвремени избори. Со таков однос, уште долго ќе останат во опозиција.