fbpx

Ковачевски: Стабилно парламентарно мнозинство за поголема ефикасност на Собранието и економски реформи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Стабилно парламентарно мнозинство за поголема ефикасност на Собранието и економски реформи

Парламентарното мнозинство е силно и стабилно. Реконструкцијата на Владата која ја поднесов не беше водена од персонални или кадровски побуди туку од тоа државата да има стабилно мнозинство, ефикасно Собрание кое ќе може да ги носи економските закони, да носи правосудни закони односно реформи во сите значајни области во државата, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање.

-Сите владини партнери се за ефикасно работење на Собранието. Внесувањето на Алијанса која има 8 пратеници ќе го зацврсти мнозинство и ќе можат многу поефикасно да се носат законите кои значат реформи и унапредување на државата, но и унапредувањето на животниот стандард на граѓаните во сите области. При тоа да не биде Собранието блокирано од опозицијата со оглед на тоа дека тоа е единствено нешто што опозицијата го прави во изминатите 2 години, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

Јас и вчера кажав дека реконструкцијата која ја поднесов не беше водена од персонални и кадровски побуди туку од тоа државата да има стабилно мнозинство кое ќе може да ги носи економските закони, кое ќе можи да носи правосудни закони односно реформи во сите значајни области во државата и притоа да не биде блокирано од опозицијата со оглед на тоа дека тое е единствено нешто што опозицијата го прави во изминатите 2 години.

Сметам дека сите владини партнери се за такво ефикасно работење на Собранието и дека внесувањето на Алијанса која има 8 пратеници дека ќе го зацврсти мнозинство и дека ќе можат многу поефикасно да се носат законите кои значат реформи и унапредување на државата но и животниот стандард на граѓаните во сите област

Последни вести