fbpx

ВМРО-ДПМНЕ нема политика и не се грижи за народот, две и пол години само за избори зборува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Кај вас во ВМРО-ДПМНЕ нема политика има само пуста желба да дојдете на власт за да може да крадете и да продолжите онаму каде што застанавте во 2017 година, порача во реплика пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска на денешната собраниска седница.

„Две и пол години вие зборувате за предвремени избори, не водите сметка за граѓаните, не водите сметка за државата и справувањето со енергетската и економска криза, воопшто не креирате никаква политика“ порача Лазаревска.

Поради тоа, додаде Лазаревска, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков коалиционен капацитет.

„Вие само тонете, немате коалиционен капацитет, затоа што немате политика што ќе ги застапува интересите на граѓаните“ заклучи пратеничката Лазаревска.

Последни вести