Почитувани,
Јавните настапи и изборните резултати од штабот на заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, ќе бидат во седиштето на Социјалдемократскот сојуз на Македонија.
Медија центарот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе биде отворен од 07.00 часот наутро (недела, 05.05.2019, во салата за прес конференции).
На сите преставници на медиумите ќе им биде овозможен влез со приложување на соодветни новинарски/прес картички издадени од медиумот во којшто работата или се ангажирани.
Во самиот медија центар ќе бидат обезбедени услови за непречена работа
на новинарите, камерманите и фоторепортерите, обезбеден интернет приклучок.
За точно време на можни изјави или други јавни настапи од медија центарот медиумите ќе бидат дополнително известени.