Прес-конференција, Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур е победа на правдата и правниот систем. За законодавниот дом и за нас како пратеници тоа е исклучително важно.
Нема помилувања, апликациите се недопуштени и нема прекршување на човековите права.
Незаконската аболиција со која Ѓорѓе Иванов се обиде да го сруши правниот поредок за да заштити поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност на овој начин пропадна.
Затоа што целта на аболицијата на Иванов беше за да се спасат од судско гонење, нивната цел беше да нема воопшто ниту судски процес. Одлуката на Стразбур значи продолжување на сите постапки пред независните македонските судови.
ВМРО-ДПМНЕ изгуби, а нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен.
Сето тоа рефлектира со нервоза од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ која ја гледавме во текот на вчерашниот ден.
Голема е нервозата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ затоа што по кој знае кој пат им пропаднаа сите најави за ново мнозинство, за наводни предвремени парламентарно мнозинство.
До кој степен е дојдена нервозата во ВМРО-ДПМНЕ показател е и вчерашниот говор на координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој јавно од говорница навреди жена, навреди родилка.
Родилка која бара правда за лекарска грешка Мицевски ја нарече „демонтирана“ и “половина жена“ на говорница од Собрание, се со цел да се купи уште малку време.
Ова е недостојно, нехумано и ниско, недолично од страна на било кој пратеник, особено координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Добро е тоа што Мицевски веднаш ја сфати грубата грешка и се извини но бараме пратеничките и пратениците од сите политички партии, особено од ВМРО-ДПМНЕ да ги осудат овие навреди и да побараат ваквите навреди да не се повторуваат никогаш повеќе.