Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ останаа единствените кои го бранат криминалот и криминалците во државата.
Два дена по одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ниту Христијан Мицкоски, ниту кој било од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да им се извини на граѓаните за неуспешниот одби криминалците да бидат аболицирани.
Напротив, оваа партија е единствената која преку соопштение не само што не ја поздрави одлуката на Европскиот суд, туку уште повеќе застана во одбрана на криминалците во своите редови.
Одлуката на судот во Стразбур е јасна – тоа е победа на правната држава, победа на правото и на аргументацијата на тимот од Владата.
Пропаднаа обидите и на Ѓорѓе Иванов и на подносителите на тужбата, криминалците од ВМРО-ДПМНЕ да бидат ослободени без воопшто да им се суди.
Одлуката на Европскиот суд е охрабрувачка и за македонското судство затоа што подносителите ги упатува да ги искористат сите правни лекови пред македонските судови, со што се разбива уште една лажна конструкција на ВМРО-ДПМНЕ судството било под контрола на СДСМ.
Домашните правосудни органи сега треба до крај да ги спроведат сите отворени предмети и случаи.
За СДСМ градењето на силен, независен правосуден систем останува врвен приоритет.
Продолжуваме со креирање и спроведување на потребните реформи, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го брани криминалот.