Соопштение за јавност
Се во општеството зависи од социјалната правда и затоа вечерва ние жените од СДСМ овде од мрачните улици во Велес, гласно порачуваме: Нема родова еднаквост без социјална правда и нема социјална правда без родова еднаквост, истакна во своето обраќање на Маршот за социјална правда, претседателката на Форум на жени на СДСМ, Јована Тренчевска.
Тренчевска порача дека во фокусот на СДСМ политиките за родовата еднаквост и социјална правда се високо на агендата на дејствување и издвои што се СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство сторил во изминатите години за подобрување нс статусот на жените.
„Минималната плата ја зголемивме два и пол пати. Изградивме близу 80 градинки.
За жените земјоделки прв пат во историјата на нашата држава обезбедивме надоместок за мајчинство , односно породилно отсуство. Евидентни се резултатите од политиките за економско јакнење на жените што е основен предуслов за силни и моќни жени кои се двигателот на промените во општеството. Ја зголемивме социјалната помош за 300 посто.
Воведовме детски и образовен додаток за 70 илјади деца.Воведовме социјална сигурност за повеќе од 10 илјади стари лица преку социјална пензија.
Обезбедивме лични и образовни асистенти за над 1000 деца со попреченост. Обезбедивме помош и нега во домот за над 700 стари лица во нивните домови. Ја зголемивме пензијата за над 15% за само една календарска година. Ги донесовме измените на Кривичниот закон со кои воведовме нови кривични дела, демнеење и родово базирано насилство и ги заостривме казнените политики за кривични дела-насилство врз жените. Со тоа се усогласивме со одредбите од Истанбулската Конвенција. Го подготвивме новиот Закон за родова еднаквост со кој ќе биде воспоставен Секретаријат за родова еднаквост, и имаме уште голем број мерки што значат подобар живот за сите граѓани“ порача Тренчевска.
Претседателката на Форумот на жени го осуди говорот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој беше полн со шовинизам и омраза.
„Згрозени сме од говорот на координаторот на пратеничката група на ВМРО во Собранието, кој од говорницата изнесе тешки, навредливи и понижувачки квалификации за една родилка, со што ги понижи сите жени. Ова не е социјална правда , ова е лицемерие и пример како не треба и не смее да се третираат жените“ посочи Тренчевска.