fbpx

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да најде алиби за поразот, ништо не го сокрива фактот дека Сиљановска злоупотреби деца во камапања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како што наближува изборниот ден така се зголемува нервозата и се интензивираат очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да најде алиби за извесниот пораз што ги очекува во недела.

Со поденсувањето на неосновани пријави, ВМРО-ДПМНЕ денеска покажа дека е против изградба на нов мост во Скопје, против решавање на сообраќајниот хаос, против подобрување на инфраструктурата во Скопје. Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека е против се што е во интерес на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да го прикрие фактот дека токму нивната кандидатка го прекрши Изборниот законик преку груба злоупотреба на деца без родители и родителска грижа во изборна кампања и за полиитчки цели.

Наместо да се обидуваат да браат алиби во секој проект што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска нека се спремаат за пораз на 5 мај кога граѓаните уште еднаш ќе ја поразат нивната матрица на криминал, деструкција и блокади. 

 

Скопје,02.05.2019                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести