fbpx

Сиљановска молчеше за затворањето медиуми, денес молчи за тоа како нејзиниот сопруг купил куќа од државата додека била министерка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Скопје, 03.05.2019

 

Почитувани граѓани,

Денеска, на Меѓународниот ден на слободата на медиумите, потсетуваме: Гордана Сиљановска во 2010 јавно го оправдуваше упадот и затворањето на А1 телевизија.

Сиљановска јавно го оправдуваше и затворањето на А1 телевизија.

Во времето на режимот не кажа ниту еден збор збор за тоа што државата беше на дното во Европа по новинарски слободи. Не кажа збор за тоа што се затвораа медиуми, се апсеа и притвораа новинари, масовно се кршеше слободата на говор и мислење.

Молчеше Сиљановска тогаш, но Сиљановска молчи и денеска на јавно поставени прашања.

Сиљановска се уште не одговара како и на кој начин нејзиниот сопруг од државата купил куќа во центарот на Скопје додека таа била министерка.

Според јавно објавените информации и достапните документи, во 1993 година, додека Сиљановска била министерка, нејзиниот сопруг од државата купил куќа на атрактивна локација во центарот на Скопје.

Сиљановска мора да одговори како и на кој начин токму нејзиниот сопруг во време кога таа била министерка од државата купил куќа од над 100 квадратни метри во строгиот центар на Скопје.

По случајот со бизнисот со фри шоп, ова е втор случај поврзан со Сиљановска, во кои постојат основани сомненија за непотизам и судир на интереси.

Почитувани граѓани,

Гордана Сиљановска е пример за транзициски профитер и пример за непотизам и судир на интереси. Сиљановска е неискрена, нечесна и поддржува и оправдува затворање на медиуми и притисоци врз медиуми и новинари.

Граѓаните нема да дозволат нечесни транзициски профитери, симбол на непотизам да застанат на чело на државата.

Во недела, на 5 мај, граѓаните масовно ќе излезат и ќе поддржат вистински претседател кој ќе работи во исклучиво во нивен интерес. Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов, вистински претседател на државата.

Последни вести