fbpx

Николовски: Честит Илинден, заедно да продолжиме по патот на заедништвото, напредокот и интеграцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Обраќање, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ
 
Почитувани граѓани, 

Денеска на овој голем ден, оддаваме почит кон нашите славни предци од Илинденското востание и од заседавањето на АСНОМ, кои што ги ставија темелите на нашата државност. 

Како сериозна и одговорна партија, имаме чест и обврска, заедно со вас граѓаните, да го продолжиме тој пат, на слободата, демократијата, имтеграцијата и напредокот. 

Остануваме силно посветени на градењето на едно општество за сите граѓани. 

Остануваме силно посветени на нашите клучни цели, членство во НАТО и ЕУ. 

Нека е честит и вековит 2 Август, денот на републиката. 

 

Последни вести