fbpx

Сиљановска да одговори како токму нејзиниот сопруг купил куќа од државата додека таа била министерка во Владата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Откако се дозна дека додека Гордана Сиљановска била министерка нејзиниот сопруг од Владата добил профитабилен бизнис со фри шоп денеска во медиумите се појавија информации за нов случај на непотизам и судир на интереси на Сиљановска.

Според јавно објавените информации, сопругот на Сиљановска во 1993 година купил куќа во центарот на Скопје која била во државна сопственост. Во тој период Сиљановска се уште била министерка во владата, што укажува на основано сомнение дека се работи за непотизам и судир на интереси.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска мора да одговори пред граѓаните како и на кој начин токму нејзиниот сопруг купил куќа во државна сопственост на атрактивна локација во Скопје додека таа била министерка.

 

Скопје, 02.05.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести