fbpx

Богоев и Кичевски на средба со Сојузот на борците: СДСМ е докажан поддржувач и наследник на делата и вредностите од НОБ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Потпретседателот на #СДСМ Стефан Богоев и претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски денеска беа во посета на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, каде се сретнаа со претседатели на општинските одбори на Сојузот.

На средбата се разговараше за зајакнување на соработката на СДСМ со Сојузот, за идни активности, но и за конкретни чекори за одржување на духот и делото на НОБ како темел на македонската државност.

Покрај тоа беше договорено и заедничко оддавање почит на Кузман Јосифовски Питу на денот на неговата смрт, на неговиот споменик во скопската општина Карпош.

„СДСМ е наследник и продолжувач на делата и вредностите на хероите од антифашистичката борба и ќе продолжи да се води од заложбите за слобода, демократија, солидарност и еднаквост. Како политичка партија која ги предводи институциите остануваме посветени на решенија за унапредување на статусот на Сојузот на борци и граѓаните кои се негови поддржувачи. Владата, преку Министерството за култура оваа година ќе ги реконструира сите споменици и спомен обележја кои се однесуваат на периодот од НОБ. Тоа им го должиме на нашите славни предци“ порача потпретседателот Богоев.

Последни вести