fbpx

С.Калеска-Ванчева: Извештајот на ГРЕКО го опфаќа незаконското однесување на ВМРО-ДПМНЕ, денес се постапува по препораките

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, С.Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ

 

ГРЕКО го објави Извештајот за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на оцена каде се упатени вкупно 23 препораки за Република Северна Македонија.

Она што треба да се потенцира во овој Извештај е дека во него се опфатени и неправилностите и незаконското работење на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во последната година од нејзиниот мандат.

Во Извештајот, меѓудругото се посочуваат примери на корупција, кршење на човековите права, се посочува дека поранешниот премиер Никола Груевски е под истрага за нелегално финансирање на партијата.

Исто така се посочува за неправилности во процесот на јавни набавки, односно, доделување на тендери до фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Ова се само дел од неправилностите на кои се повикува Извештајот на ГРЕКО, а кои се однесуваат на 2017 година и порано, односно во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од антидржавниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во последните две години сериозно постапува по препораките на ГРЕКО и е посветена на реформите што се во интерес на граѓаните и државата.

Како што најави и Министерството за правда, во фаза на изработка е нов Закон за лобирање, во кој се имплементираат сите препораки на ГРЕКО.

Претходно, во однос на професионалноста на носителите на јавна функција, уште во март минатата година Владата на Република Северна Македонија, во рамки на Планот 3-6-9, донесе Насоки за добро управување на избрани и именувани лица во извршната власт.

Уште една реформа којашто ќе се реализира, а е дел од последниот извештај на ГРЕКО се однесува на измени на одлуката за формирање на Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Имено, во рамки на Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, веќе тече подготовка на изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Кабинетот на Претседателот на Владата, во која попрецизно ќе се утврдат критериуми за договорно ангажирање на советниците на претседателот на Владата.

Како одговорна партија, предводник на парламентарното мнозинство со големо внимание ги следиме препораките од домашните и меѓународни институции и организации.

Остануваме посветени на реализација на реформскиот процес кој обезбедува независни, професионални институции и води напред кон ЕУ и НАТО.

Последни вести