fbpx

Заев: Од Берлин носам вести, ќе има и преговори со ЕУ освен членството во НАТО, не се мачкаат на леб, но носат леб, да гласаме за Стево

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на средбата со граѓани во скопската општина Шуто Оризари повика на масовна излезност на 05.мај и успешни претседателски избори.

-Пред неколку часа дојдов од Берлин, тука прво ќе ја соопштам прво веста. Ќе отвориме преговори со ЕУ, тоа значат пари, фондови, систем, перспективи. НАТО и ЕУ не се мачкаат на леб, но носат леб. Затоа сите земји се стремат да бидат членки на НАТО и ЕУ, а еве ние веќе стануваме членка на НАТО. Не ни треба нов блокатор. Силјановска би била нов Иванов, да дадеме поддршка за Стево Пендаровски, повика претседателот на СДСМ и премиер Заев.

Тој укажа дека Република Северна Македонија се развива како едно заедничко општество за сите граѓани, од сите етнички заедници, кон НАТО и ЕУ, дека сме на вистинскиот пат како земја, потсети на последиците од режимот, рече дека Силјановска е кандидатка на режимот и сака само амнестија на Груевски, најави пакет социјални мерки, како што е зголемувањето на социјалната поддршка за социјално загрозените семејства од 2.600 денари на над 12.000 денари и апелираше да го сочуваме единството, зашто среќа за сите во државава и задржување на младите е можна, само по овој пат со Стево Пендаровски како претседател на државата.

Скопје, 30.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести