fbpx

Срамно, ВМРО-ДПМНЕ и Николовски на секој можен начин сакаат да и наштетат на интеграцијатата во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Секогаш кога државата прави сериозен исчекор кон процесот на интеграција во ЕУ, секогаш ВМРО-ДПМНЕ се први да наштетат на тој процес.

Задолжен за таквото штетно дејствување секако е Александар Николоски, докажан извор на лажни вести, демантиран од Обединетите нации и амбасади на пријателски држави.

Наместо да пласира лажни вести, Николоски нека ја искористи посетата на Брисел, на европските пријатели да им објасни зошто неговата партија ширеше хистерија и организираше насилни протести против Европскиот предлог со кој државата ги започна преговорите за членство во ЕУ.

Потоа Николоски нека објасни и зошто неговата партија се противи на уставните измени важни за европската иднина на државата.

ВМРО-ДПМНЕ е партија заложник на Левица со која заедно дејствуваат против државните и националните интереси, секогаш на штета на граѓаните.

Последни вести