Соопштение за јавност
Денеска Охрид и Северна Македонија се практично центар на политичките случувања на Западен Балкан со дијалогот помеѓу Србија и Косово, во моментов сме фактор на стабилност, рече во интервју за Канал 5 телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски денеска од Охрид.
-Истакната е нашата позитивната улога, во моментов Северна Македонија е фактор на стабилност на Балканот според сите показатели и според се она што се случува кај нас. Ние сме земја која што ги има уредено практично односите на највисоко можно ниво внатре и која што ги има решено отворените прашања со соседите, земја членка на НАТО, земја која преговара со ЕУ, земја која што претседава со ОБСЕ, најголемата регионална безбедносна организација и држава во која што се депонираа договорите потпишани во рамки на берлинскиот процес помеѓу земјите од Западен Балкан, рече Ковачевски.
Голема чест и големо признание за нашата држава е што овие разговори се водат токму во Охрид и токму во нашата држава, додаде Ковачевски.