fbpx

Во заложништво на Апасиев, Мицкоски делува како анти-НАТО и анти-ЕУ политичар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Христијан Мицкоски, без идеја, предлог и решение, делува како анти-НАТО и анти-ЕУ политичар.

Лицемерно Мицкоски, декларативно се залага за членство на државата во ЕУ, а во пракса ВМРО-ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за евроинтеграциите и прави се за да ја загрози европската европската иднина.

Мицкоски организираше насилни протести против европскиот предлог, ширеше хистерија за наводна бугаризација и асимилација.

Од ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите 24 јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија.

Мицкоски е заложник на популистичката реторика на Левица и Димитар Апасиев, со кого се натпреварува во блокади и деструкции за попречување на европската иднина на државата.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција за враќање назад.

Нивната единствена цел е да го попречат европскиот пат на земјата.

Последни вести