fbpx

Лукаревска: Уставните измени се важни за европската иднина, не смее да има уцени за тоа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за Телевизија Алсат порача дека во периодот пред нас ќе започне широка јавна дебата за изнаоѓање најдобро и најприфатливо решение за уставните измени.

-Следува формирање работна реформска група која ќе има задача да ги направи драфт уставните амандмани, а потоа низ дебата сите политички партии да ги соочат своите аргументи. И на тој начин да го најдеме најдоброто решение за уставните измени кои се важни за нашата европска иднина, порача Лукаревска.

Заменик претседателката истакна дека ниту една политичка партија не смее уставните измени да ги користи како средство за политички уцени.

-Не е добро да добиеме впечаток дека Уставните измени ќе станат предмет на каква било политичка уцена од која било политичка партија. Тие имаат за цел да ја движат државата напред, со сите обврски што ги имаме во позадина. Знаете дека покрај уставните измени ние имаме и други важни реформи, како во правосудството, во обвинителството во јавна администрација, реформата за децентрализација каде исто така ќе биде потребно учество од сите фактори. Мора да направиме дистинкција што ни е приоритет во моментов, дали сакаме добро за граѓаните, сакаме развиена држава, одговорни и транспарентни инситуции или сакаме постојано самите да си ставаме пречки на патот и да тапкаме во место. Треба да бидеме одговорни, за иднината на земјата се работи, посочи Лукаревска.

Последни вести