Драган Ковачки, со секој негов јавен настап во Собранието го открива најгрдото лице на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ и потсетува на таа нечовечност пред се во редовите на ВМРО ДПМНЕ од времето на Груевски.
Клеветењето и нечовечноста во редовите на ВМРО-ДПМНЕ го достигна својот зенит, а особено омразата, злобата која ја манифестира Ковачки кон министерката за одбрана, но и на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кон други пратенички од парламентарното мнозинство.
Токму таквите методи на психичко и физизичко насилство кон противниците, беше одлика на 11 годишниот режим и токму таквото однесување резултираше со насилството и обидот за убиство по влегувањето во Собранието на топлите организирани од ВМРО-ДПМНЕ на 27ми април 2017 година.
Тој модел на однесување и тоа насилство во политиката, ВМРО-ДПМНЕ никогаш јавно не го осуди и не се огради од него.
Јавноста, граѓаните со право реагираат, Собранието не е и никогаш повеќе нема да биде место за омрза, навреди и омаловажувања.
Однесувањето на Ковачки е последниот во низата примери дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.