fbpx

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ целосно пофрлија, наместо развој граѓаните добија долгови и повисоки сметки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Учинокот на ВМРО-ДПМНЕ по една и пол година од мандатот во повеќе 40 општини е стагнација и безидејност, непродуктивно трошење на народните пари, задолжување и партизација на општините.

Наместо ветениот развој и најавените капитални проекти, ги задолжуваат општините и удрираат по џебот на граѓаните со покачување на цените на комуналните услуги.

Поскапи комунални услуги, вода и паркинг плаќаат граѓаните на општина Прилеп, комуналните услуги се покачени и во Гевгелија, Битола, Велес, Радовиш, Зрновци, Охрид и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Штип зголемен е данокот на промет, такси превоз и надоместокот за ѓубретарина.

Истовремено со општински обврзници за милиони суми, ги задолжуваат општините, кои важат за финансиски најстабилни, како Прилеп, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Гевгелија.

Во Град Скопје нема реализација на ниту еден важен проект, нема ни довршување на наследените и веќе започнати проекти, нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, градскиот превоз е нефункционален, јавните претпријатија се во хаос, а ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката се занимаваат со идејата за враќање на споменикот на Ќосето, кој во времето на режимот противправно беше поставен во центарот на градот.

Кадрите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски целосно потфрлија.

Локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.

Последни вести