fbpx

Мицкоски се затвори самиот себе си, со Апасиев, единствени против ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски е познат по две работи. По промашени прогнози за економски и политички случувања во земјата и по тоа што е во целосно заложништво на Левица и Димитар Апасиев.

Од тоа кога Мицкоски велеше ќе нема доволно струја, ќе има рестрикции и ќе се случи колапс, па се до промашените прогнози за ново мнозинство од 61 пратеник во Собранието кое никогаш не се случи.

Тоа се неговите единствени константи, промашувања и заложништво на Апасиев. Ништо друго.

Заедничко за Мицкоски и Апсиев е нивната определба да бидат против ЕУ и против европската иднина на земјата и сите наши граѓани. Денеска по којзнае кој пат Мицкоски го потврди тоа.

Со оваа деструкција Мицкоски се затвори самиот себе си, заедно со Апсиев, неговиот идеолошки лидер, со кого заедно се единствените политичари против ЕУ.

Апасиев го вози Мицкоски, тој е негова инспирација и со него се натпреварува како да го закочи патот кон ЕУ и кој поголема штета ќе предизвика на државата, на идните генерации.

СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи.

Подготвени сме, ќе бидеме предводник на проевропската коалиција и во иницијативата да се направат сите неопходни реформи и уставни измени за да го продолжиме патот кон Европа.

Деструкциите на двоецот Мицкоски-Апасиев повторно ќе бидат поразени.

Последни вести