Обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 14.04.2019
Здраво Скопје! Здраво Татковино!
Добар ден – достоинствена, храбра, мудра, родна земјо, наша – Северна Македонија,
Почитувани граѓани, Ви честитам!
Благодарение на вашата верба и посветеност денес слободно можеме да кажеме дека УСПЕШНО и ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД.
ГИ ПОБЕДИВМЕ ОМРАЗАТА, КОНФЛИКТИТЕ, ПОДЕЛБИТЕ И НЕПРАВДАТА. ГО ПОБЕДИВМЕ НЕМИРОТ!
ЕВРОПА И СВЕТОТ АПЛАУДИРААТ. ВАМ ВИ АПЛАУДИРААТ, НА СИТЕ ГРАЃАНИ НА НАШАТА ЗЕМЈА.
Оваа масовна присутност потврдува дека следуваат уште многу позитивни промени.
ГРАЃАНИТЕ ИМААТ ПОТРЕБА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СВОЈАТА ДРЖАВАТА И КОНЕЧНО, ПО 10 ГОДИНИ, ЌЕ ДОБИЕМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА.
Новиот претседател ќе биде човек кој сака, може и мора да влече напред.
Тоа е нашиот другар и пријател, Стево Пендаровски!
Незнам што вели задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Будимпешта, ама јас велам дека по цела една деценија, нашава земја ќе добие претседател со кој ќе се гордее, европски претседател на европска земја.
Како знам дека Стево е новиот претседател на државата?!
Тоа го потврдуваат младите, со присуството овде, кои порачуваат – продолжуваме Заедно Напред, за европско образование, европски плати, европски животен стандард.
ДА ВЕ СЛУШНАМ МЛАДИ, ДАЛИ ОДИМЕ ЗАЕДНО НАПРЕД? Тоа го потврдуваме ние, родителите на овие млади луѓе – ние со присуството овде порачуваме – продолжуваме Заедно Напред со своите деца, за безбедна, стабилна, економски развиена држава, дел од модерниот, европски, современ свет.
ДА ВЕ СЛУШНАМ РОДИТЕЛИ, ДАЛИ ОДИМЕ ЗАЕДНО НАПРЕД?
Со нас се и нашите родители, баби и дедовци, кои си го сакаат семејството на купче, дома, во родното огниште, во родниот град, во родната грутка земја – заедно, среќни.
Ветрот на промените дува веќе две години почитувани граѓани, откога одлучивме кормилото на нашиот заеднички брод да го насочиме Заедно Напред.
Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и сите други, независно од какви било различности, се здруживме, се сплотивме, тргнавме Напред!, застанување нема одиме напред со Стево Пендаровски.
Не беше лесно, но се обединивме против режимот, решивме и почнавме да градиме Едно општество за сите, седнавме со соседите и ги решивме најтешките прашања, влеговме во сериозни реформи и воспоставуваме правна држава, со шанси за сите.
Не беше лесно, но нашите заеднички успеси се мелем на нашите рани од мрачното минато. И никој, ама баш никој нема да може, ниту ќе дозволиме, да `не враќа назад.
ПРОДОЛЖУВАМЕ ЗАЕДНО НАПРЕД!
Ние сме веќе дел од НАТО! Седиме на масата, меѓу највлијателните земји во светот, а до крајот на годината ќе бидеме и официјално 30-та полноправна, рамноправна, членка на Алијансата.
Одиме кон ЕУ – очекуваме Европската унија да ги вреднува реформските резултати дома, добрососедските односи со сите пет наши соседи, постигнати низ европската култура на компромис и во јуни да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Сериозно се подготвуваме за почетокот на преговорите и со тоа градиме држава по европсји стандарди!
Одиме напред и во економијата:
Имаме рекорден износ на странски инвестиции од 624.5 милиони евра, што е двојно повеќе од најдобрата година на dream team-от, којшто за среќа остана само лош сон.
Процентот на невработеност го спуштивме на историско најниско ниво од осамостојувањето -19,4. Во 2018 година креиравме 26.600 работни места.
Просечната плата, за само една година, ја зголемивме дури 8.1 процент и сега е над 25.000 денари. Минималната плата ја покачивме на повеќе од 12.000 денари. Зголемена е и просечната пензија, за 3.5 проценти во декември 2018, во однос на декември претходната година.
Бруто домашниот производ го покачивме, од затекнатите минус 1.8 проценти, на 3.7 проценти.
Индустриското производство бележи највисок раст во изминатите 7 години. За 26 проценти е покачен вкупниот увоз и извоз од индустриско-технолоките зони.
Исплатени се неисплатените субвенции за 2014, 2015 и 2016 година со 110 милиони евра. Износот за земјоделски субвенции и рурален развој за 2019 година е 8,4 милијарди денари!
НО, СЕГА Е ВРЕМЕ, ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ, ВЕТРОТ НА ПОЗИТИВНИТЕ ПРОМЕНИ ДА ГО ЗАСИЛИМЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ!
СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАШАТА ДРЖАВА, НИ СЕ ПРИДРУЖУВА ПО ПАТОТ, ЗАЕДНО ОДИМЕ НАПРЕД – СО НЕГО, НАПРЕДОКОТ ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ЗАБРЗА.
НАШАТА ЗЕМЈА КОНЕЧНО ЌЕ ДОБИЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ ВЛЕЧЕ НАПРЕД – НАМЕСТО СЕГАШНИОТ КОЧНИЧАР ИВАНОВ КОЈ Е ПОД КОМАНДА НА ГРУЕВСКИ.
Уште некој ден ќе заврши кампањата, ама збор не слушнавме од Мицкоски и Силјановска за 11 годишното владеење на ВМРО ДПМНЕ на чело со неговиот поранешен и сегашен даскал Груевски.
Го повикувам да каже било што, само нека каже, каква беше правдата, имаше ли невиден криминал, каква беше слободата на говорот, имаше ли рекетарство по фирмите, имаше ли терор, закани и притисок врз граѓаните, се партизираше ли целата држава, се оставаа ли огромни долгови што мора Заев сега да ги плаќа, се иницираа ли конфликти за партиски и политички цели, се договараше ли промена на името на државата, имаше ли демократија … Ајде нека се одважи и нека за атер на образот кој вели дека му бил чист, нека ја каже вистината.
Дури и не мора тоа да го прави на долго и на широко. Ако е доблесен ќе рече “Се срамам од 11- годишното владеење на мојата партија и на мојот претходник”, па ако сака нека додаде “ова е ново ВМРО ДПМНЕ”. Ајде Мицкоски, состави барем една просто-проширена реченица и кажи ја јасно и гласно. Ајде, гукни да те видам, ајде зуцни да те чујам. Не смееш бре човеку, ти се тресат ногавиците да не му згрешиш на менторот.
Жицата македонска која многу пати ја имам споменувано, никогаш не била поцврста од денес и никогаш порано не произведувала поубави звуци од сега. Си ја сочувавме таа жица и згора на тоа си го трасиравме патот кон ЕУ и НАТО. Драги мои, нашиот заеднички сон станува убаво јаве. Децата ќе ни растат во среќна, просперитетна и современа европска земја. Има ли нешто поубаво од тоа?
Го слушам Мицкоски како вели, дека Заев лажел за бетонираниот идентитет. А бре Мицкоски, не само што е бетониран туку во бетонот има арматура каква што ти не можеш ни да замислиш.
Да земеше Мицкоски пример од своите хидроцентрали многу нешта ќе му станеа појасни. Оти, во секоја хидроцентрала производството на електрична енергија зависи од количината и протокот на вода. Колку повеќе вода толку повеќе електрична енергија. Така е и со нашата земја. Колку повеќе луѓе ќе бидат за светлата иднина на државата, толку позитивна енергија ќе создадат што ќе не влече напред кон европските вредности.
Зарем постои дилема, кои се тие кои повеќе си ја сакаат татковината, дали тие кои немилосрдно ја испљачкаа, и му го расплакаа мајчиното млеко на народот или тие кои ја донесоа земјава пред портите на ЕУ и НАТО…дали тие кои создадоа безброј проблеми или тие кои ги решаваат тие исти проблеми…дали тие што градат ѕидови или тие што градат мостови…дали тие кои добиваа критики од сите страни на Европа и светот или тие што добиваат пофалби од истата таа Европа и истиот тој свет… Може да се надмодруваме до немајкаде, но фактите и вистината кажуваат се…
ПОЧИТУВАНИ,
НАШАТА ЗЕМЈА, НАШИОТ НАРОД КОНЕЧНО ЌЕ СТАВИ ПЕЧАТ НА ПРОМЕНАТА – ВО ИСТОРИЈАТА ОДАТ МИНУСОТ, ЦРНИЛАТА, КОНФЛИКТИТЕ, ИЗОЛАЦИИТЕ И ЛАГИТЕ НА ГРУЕВСКИ, МИЦКОСКИ И ИВАНОВ.
ДОАЃА ИДНИНАТА СО ПЕНДАРОВСКИ КОЈ ЌЕ ГО ЗАСИЛИ НАШИОТ НАПРЕДОТ – ЌЕ ДОНЕСЕ НОВИ ПРИЈАТЕЛСТВА ЗА ЗЕМЈАТА, СОРАБОТКИ, УСПЕСИ, ИНВЕСТИЦИИ И ЕКОНОМИЈА.
Заврши времето на марионети, калкуланти, провокатори, заштитници на криминалци, криминалци.
Ова се времиња на чесни водачи кои дејствуваат, преземаат иницијатива, се водат од граѓанските интереси – не од лични интереси, не од партиски интереси.
Република Северна Македонија ќе добие претседател на државата, за кого иднината на нашата заедничка држава не е авантура, туку должност, а тој не е залутан патник, туку водач.
Доаѓа Стево Пендаровски. Не доаѓа Гордана Силјановска.
Нека се радува Силјановска. Убеден сум дека нејзиниот пораз на овие избори е најдоброто нешто што може да и се случи. Овој пораз ќе ја спаси од канџите на Груевски и Мицкоски.
Драги скопјани, добри граѓани на главниот град на Република Северна Македонија, два празника не чекаат до крајот на овој месец. Следната недела, на 21 април, ќе ја славиме победата на Стево Пендаровски, а една недела подоцна ќе го празнуваме Велигден. Разликата меѓу двата празника е во тоа што Велигден ќе го празнуваат само христијаните, а победата на Пендаровски ќе ја празнуваат граѓаните од сите вери и народи кои живеат во нашата татковина.
Почитувани граѓани, од која било партија, од која било определба или група,
Не пропуштајте ги 21-ви април и 5-ти мај.
Придружете се на победничката опција Заедно Напред!
Велам победничка опција, затоа што, Стево Пендаровски е единствената победничка опција, почитувани граѓани, за нас и за нашата држава, Република Северна Македонија.
Зошто?!
Ајде вака, едноставно е.
1. Да видиме во што се разликува Стево од другите двајца претседателските кандидати.
Блерим Река не е заеднички кандидат на сите граѓани. Голема почит за човекот, но тој е кандидат на една етничка заедница.
Стево Пендаровски е заеднички кандидат на 31 партија, од сите етнички заедници и од сите политички определби: левица, десница, центар. Стево Пендаровски е заеднички кандидат на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми, други.
За прв пат во историјата на нашата држава, зад еден претседателски кандидат, уште во првиот изборен круг, застанаа заедно различни партии и граѓани, кои се надминаа себеси и одлучија – Ова ќе го направиме, за нашата држава да продолжи Напред.
Гордана Силјановска, почитувани граѓани, не само што не е заеднички кандидат за претседател на сите граѓани. Таа е претставничка само на еден човек.
Силјановска е претставничка на Мицковски, оној Мицковски кој е претставник на криминалецот Груевски.
Но Стево Пендаровски е претставник на сите вас кои гледате и одите напред, чесно, без предрасуда.
Силјановска штити лични и партиски интереси. Стево штити граѓански интереси.
Силјановска дели. Стево обединува.
За Силјановска правда е одбрана на криминалци. За Стево правда е да се штитат честа и интересите на граѓаните. Самиот ви рече, ќе ја почитува до крај вашата порака „Нема правда, нема мир“, а и оваа Влада стои и ќе стои зад правдата и правната држава и среќни сме што со Стево имаме борец за едно од најголемите човекови права – правдата!
Гордана продава лажен морал мислејќи дека граѓаните заборавиле која е, каде била, што правела.
Замислете, зборува за транзиции и олигархии. За која транзиција зборуваш Гордана? За онаа ли од деведесеттите? Па нели беше министер во Влада во раните деведесетти? Што не ја спречи транзицијата? Што не и се спротистави?
Да, почитувани граѓани, Гордана Силјановска Давкова од ДПМНЕ денес ја критикува Гордана Силјановска Давкова од тогашната Либерална партија. Гордана и нејзното ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо против негативните ефекти од транзицијата. А што направивме ние? Ние, оваа Влада, нашата граѓанска Влада го реши проблемот на 10.000 стечајци. Историско решение, социјална правда за стечајците – ете така се работи, нека учат.
Така работи оваа граѓанска власт, така ќе работи и Стево Пендаровски како граѓански кандидат!
Гласот за Пендаровски е глас за обединување, глас за модерно и за напредно општество.
-Тој ќе се вклучи во лидерството на нашата држава на Балканот, како земја пријател со сите соседи, којашто генерира стабилност и оди кон ЕУ и НАТО.
-Тој работи за државните и граѓанските интереси, а не за партиските и нема да дозволи која било партија да го кочи развојот на земјата и да го дели народот.
-Стево ќе води. Вистински претседател ја презема одговорноста за сопствените одлуки, а не брани нечии интереси.
-Стево ќе биде лицето на нашата држава во странство. Тој има интегритет, способност, план и визија за иднината, ќе ги зацврсти позициите на државата – нема да ги ниша.
2. Да ги видиме концептите што се пред нас. Два концепта има.
Едниот концепт, со сите сили, незапирливо, ја турка земјата напред во западниот цивилизиран демократски свет, кон ЕУ и НАТО и кон економски напредок. Тоа е концептот на Стево Пендаровски.
Другиот концепт е за враќање назад, за изолација, за поделби, за бесперспективност, неизвесност, заложништво, калкулантство. Тоа е концептот на Гордана Силјановска.
3. Силјановска не си го познава сопствениот народ. Вчера кажа дека сега во кампањата го запознавала народот и не знаела колку ни бил прекрасен. Епа не може драги граѓани – не бива земјата да избере претседател кој не си го познава народот. Замислете, прв пат проаѓа низ државата – прв пат ги гледа македонските градови, прв пат се среќава со граѓаните – Гордана не си го познава народот, ама тој народ добро знае каде сака да оди. Знае ли Гордана дека нашиот народ е цврсто одлучен да одиме во НАТО и ЕУ?
4. Да видиме што ќе донесат определбите на Стево, а што би значеле определбите на Силјановска.
-Годрана Силјановска е против Договорот од Преспа со којшто нашата земја стана признаена од цел свет, со признаен македонски народ и признаен македонски јазик од целиот свет, со којшто го затворивме и последното отворено прашање со нашите соседи и обезбедивме стабилност и безбедност дома и во регионот.
Стево Пендаровски го поддржува Преспанскиот договор, ќе ги продолжи добрососедските односи со сите пет соседи и ќе застане напред во водството и во економскиот развој на државата.
-Силјановска е против Законот за употреба на јазиците којшто е носен, усогласуван и поддржан од повеќе влади досега. Таа дури ги доведува во прашање придобивките од охридскиот Рамковен договор, потпишан од четирите најголеми партии во државата во 2001-та година. Таа дури не ја ни споменува најголемата етничка заедница во нашата земја по Македонците, Албанците, значи не се гледа во изградбата Едно општество за сите.
Пендаровски ќе го продолжи обединувањето дома, ќе ја продолжи изградбата на Едно општество за сите, со еднакви права и обврски за сите.
Стево е за почитување наместо омраза, разбирање наместо кавги, заедно наместо изолирано, и со тоа, Стево само може да влијае на дополнителна стабилизација на внатрешен и надворешен план.
Ова значи почитувани граѓани дека:
-Пендаровски ќе води Напред, а Силјановска би водела Назад.
-Пендаровски носи Развој. Силјановска би предизвикала Застој.
Ете затоа, Гордана Силјановска не е решение за проблемот Ѓорге Иванов – таа би била нов проблем со којшто би морале да се справуваме.
Каде ако не во НАТО и ЕУ почитувани граѓани?!
Како ако не заедно?
Со кого, ако не со човек кој обединува, а не дели?!
Со кого, ако не со човек кој помирува, а не шири омраза?!
Со кого, ако не со човек кој влече напред во просперитет, не назад во мрачно минато?!
За среќа имаме со кого!
Стево ќе ги поддржи и забрза отворените НАТО и ЕУ перспективи – нема да ги блокира.
Стево ќе се приклучи во развојот на државата – нема да ја врати назад.
Чесниот, храбар, достоинствен, наш, другар и соборец во сите досегашни предизвици.
ВЕ ПОВИКУВАМ ДА ГО ИЗБЕРЕМЕ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА!
Почитувани граѓани,
Ова се многу важни избори.
Претседателските избори се гласање за еден човек. Можеби не се толку привлечни како парламентарните избори, но обврската ни е подеднакво голема, го избираме првиот човек во државата!
Ова се важни избори, затоа што од успешноста на овие избори ќе зависи со колку брзо темпо ќе продолжиме да се движиме напред.
Видовме какви тешкотии имавме со човек кој седи на позицијата претседател на државата, а не помага, не учествува во промените, напротив уназадува со рамнодушноста и со сервилноста кон партијата што го постави. Па и по промените, не се охрабри да се придружи, да поддржи – блокираше реформски процеси, поттикнуваше поделби, штити до последно криминалци, ги кочи евро-атлантските перспективи.
Гордана Силјановска би била нов Ѓорге Иванов во женски род.
Граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, сите други,
Евро-атлантските перспективи, за сите нас значат леб, значат егзистенција, значат поголеми плати, повеќе работни места, нови инвестиции, можности за младите да учат, живеат и работат дома – значат спокој и сигурност.
Јас немам дилема, дека секој од вас го знае ова.
Но, да се оди напред почитувани граѓани е одговорност, бара акција, бара одлучност.
Ете ги аргументите, на маса се.
Споредете и излезете на гласање.
Знаете дека за претседателските избори цензусот е висок и дека не е доволно да го поддржуваме Стево Пендаровски, или да сме против Гордана Силјановска.
Тоа треба да го кажеме, со пенкало, на гласачките места.
КАКО И ДА Е, КОЈ И ДА Е НАШИОТ СТАВ,
МОРА ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НА ГЛАСАЊЕ, И ДА ГО КАЖЕМЕ СВОЈОТ СТАВ!
ВИЕ ГРАЃАНИТЕ ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА!
ПОВИКУВАМ НА МАСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ И НА УСПЕШНИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ, ВО ИМЕТО НА ПОБРЗ РАЗВОЈ НА НАШАТА ДРЖАВА!
Децата, младите го очекуваат тоа од нас.
Земјите членки на НАТО и ЕУ, кои ни подадоа рака, чекуваат нов сигурен чекор од нас.
Вниманието на целата јавност, во регионот, во Европа, во светот е свртено кон нас.
Да ја испратиме пораката, повторно, дека можеме, дека сме и ќе бидеме фактор на стабилност и просперитет, дома во регионот, во Европа и во светот.
Во недела повторно ќе покажеме дека сме сериозна држава, дека одлучно одиме кон прогресот. За нас прогресот значи: Едно општество за сите, евро-атлантски интеграции, економски развој.
ОДЛУЧНО ПРОДОЛЖУВАМЕ – ЗАЕДНО НАПРЕД!
НА 21-ВИ АПРИЛ И 5-ТИ МАЈ ГО ИЗБИРАМЕ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА. ЗА СИГУРНА ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА!
ЗАОКРУЖУВАМЕ БРОЈ ТРИ!
СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ! И, ЗАЕДНО, НАПРЕД!