Сопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски е слуга на криминалецот во бегство, Никола Груевски и на криминалната ВМРО ДПМНЕ.
Партија со криминално стекнат имот, криминален Бел дворец стекнат на грбот на граѓаните, партија која е злосторничко здружение со тапија.
Бројни судски предмети го потврдуваат криминалот на ВМРО ДПМНЕ.
Мицкоски и денес е опркужен со криминалци, негови соработници се вмешани во мега криминални случаи за кои траат судски процеси. Случајот Делчевски ниви исто така води со Белиот дворец и луѓето на Мицкоски.
Тоа го гледаме и по општините водени од ВМРО ДПМНЕ и градоначалници кои се обвинуваат меѓу себе а го обвинуваат и Мицкоски за тендери и рацете во медот.
Денес за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ секој одговара за стореното.
Мицкоски, слугата на криминалот и заложник на Апасиев и Левица освен за лажни вести, друго не знае.
За криминалците од ВМРО-ДПМНЕ следува одговорност согласно законите, тоа треба да му е јасно на Мицкоски.