fbpx

Освен што бега од соочување со јавноста, Сиљановска дискриминира новинари и медиуми исто како Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Откако избега од соочување со новинарите, кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска денеска покажа дека дискриминира новинари и медиуми.

Сиљановска не ги почитува граѓаните и ја продолжува дискриминацијата на новинари и медиуми што осудениот криминалец Никола Груевски ја правеше цели 11 години.

Сиљановска бега од сопствениот народ за кој самата вели дека не го познава.

Сиљановска не знае колку војници има нашата армија.

Сиљановска секојдневно потврдува дека е нечесна и лицемерна пред граѓаните, недостојна за функцијата за која се кандидира.

Граѓаните го гледаат тоа и затоа веќе во недела ќе и порачаат дека не сакаат нов Ѓорге Иванов, туку вистински претседател на нашата држава и затоа масовно ќе дадат поддршка на концептот предводен од Стево Пендаровски.

 

Скопје, 17.04.2019                                               

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести