fbpx

ВМРО ДПМНЕ ништо не работи ама се фати за бетонизација, Муцунски да го повлече спорниот ДУП

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо во изминатиот период во општините што ги раководат, но затоа дејствуват спротивно од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата.

Таков е и примерот со општина Аеродром и бетонизацијата на населба Лисиче од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски.

Преку јавна анкета граѓаните му порачаа на Муцунски дека се против изградбата на 9 висококатници на влезот на населбата Лисиче.

Оттогаш поминаа десетина денови, а Муцунски се уште не ги избришал спорните маркички за градба и наместо да дејствува по гласот на граѓаните, тој шири лажни вести и конструкции.

Наместо да се занимава со продукција на лажни вести и да тера дневна политика, Муцунски веднаш да го повлече спорниот ДУП, а Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по случајот „Парцели во Лисиче“.

Последни вести