fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Стефковски водат хајка, незаконски разрешуваат директорка на градинка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Билјана Мујиќ од ОО СДСМ Гази Баба

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски водат политички мотивирана хајка против професионалните кадри во детските градинки.

Повторно, Стефковски и ВМРО-ДПМНЕ преку прекршување на законските прописи ја разрешуваат директорката на детската градинка „Детска радост“.

Оваа политичка мотивирана хајка се случува по втор пат за една година и повторно надвор од пропишаните процедури.

Исто како и претходниот пат и сега, избраниот ревизор не е надлежен да врши ревизија на Јавната установа детска градинка Детска Радост – Скопје.

За 2021 година веќе беше направена ревизија за работата на директорот и истата беше испратена до сите надлежни органи.

Супервизија исто така беше направена.

Во начинот на сегашната ревизија има бројни пропусти во постапката, има прекршени рокови, наведени се несоодветни суми на фактури, а ускратено е и правото на директорката да се произнесе по Извештајот.

Јасно е, исто како и минатата година, Стефковски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена сакаат да ја разрешат директорката на градинката која професионално работи, за на нејзино место да донесат партиски кадар, кој ќе работи по партиски инструкции.

Почитувани, ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија.
Ваквиот очаен обид на Стефковски и ВМРО-ДПМНЕ за дискредитација еднаш пропадна, сè укажува на тоа дека е потребна институционална реакција.

Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат, да ги истражат овој случај и соодветно да реагираат, да ги заштитат процедурите, законите и дигнитетот на професионалните кадри.

Нема да дозволиме ниту еден градоначалник да се однесува како шериф, незаконски да се пресметува со професионалци само затоа што не се партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести