Соопштение за јавност
Не е точно дека постои апликација „Големото око“, како лажно што обвинува ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак дека е прекршен изборниот процес или личните права на граѓаните, најмалку дека се прекршени законите.
Лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека постои апликација која прибира лични податоци на граѓаните, матични броеви или други лични информации. Исто така, лага е дека се прибираат мета дата податоци од паметни телефони.
Се ова се целосни измислици на ВМРО-ДПМНЕ, соочени со стравот од изборен пораз и слабата поддршка што ја имаат од граѓаните.
Контрадикторноста и невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ се гледаат во тоа што во еден пасус тврдат дека постои апликација која се користи од страна на членови на СДСМ и која прибира податоци од сите што ја симнале (значи членовите на СДСМ), а во друг пасус пак тврдат дека преку истата апликација се прибираатинформации за интернет ативностите на сите граѓани.
Едното со другото тврдење на ВМРО-ДПМНЕ е контрадикторно и неточно, очигледно во брзање да наведат што повеќе невистини ги измешале лончињата.
Вистината е сосема поинаква. СДСМ користи современ, иновативен начин на водење кампања, модел којшто е преземен од сестринските партии од Шведска.
Системот не прибира лични податоци на граѓаните, не содржи фотографии, ниту дата податоци од паметни телефони ниту интеренет активности.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои знаат само за злоупотреби, притисоци, закани и уцени, СДСМ спроведува современа кампања поврзана исклучиво со работата на сопствените активисти и наведените барања на граѓаните.
СДСМ е отворена за секоја државна надлежна институција да изврши увид и да го потврди ова наше тврдење односно да ги демантира конструкциите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ да не смислиува алиби и да не бара оправдувања за бојкот, соочена со изборниот пораз кој ги чека.
Скопје, 16.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА