fbpx

Чиј монопол штити ВМРО-ДПМНЕ со хајката против коридорите 8 и 10Д заедно со Левица?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

30 години државата е зависна од солунско пристаниште. Чиј монопол штити ВМРО-ДПМНЕ со противењето на изградбата на коридорите? На една фирма што има претставништво во солунско пристаниште? Зошто да не можат нашите фирми да не можат да се снабдуваат од Бургас и од Драч?, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски обраќајќи се на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ во одговор на пратеничко прашање рече дека блокадата на законите за изградба на коридорите ја прави Левица, додека ВМОР-ДПМНЕ се крие. Амандманите за блокада ги поднесува Левица а ВМРО-ДПМНЕ предат како мачиња во Американската амбасада дека не се они, рече Ковачевски.

-Затоа јас пред неколку месеци имам кажано дека на ова прво столче овде во собраниската сала треба да седи Димитар Апасиев, бидејќи Апасиев ја води дебатата и ги води постапките на целокупната опозицијата која седи на левата страна, додаде Ковачевски.

Дали проектот со изградба на коридорите ќе биде реализиран во побрзо време или ќе биде реализиран поспоро и поскапо зависи од блокадата која што ја прави во ова собрание вашиот шеф Димитар Апасиев а која што вие, од ВМРО-ДПМНЕ ја поддржувате, потенцираше Ковачевски.

-Во амбасадите одите таму како мачиња предете, велите ние се поддржуваме ама Левица ги поднесе амандманите ние сега немаме што да правиме. Затоа ќе си застанете еднаш зад стратешките интереси на државата. Не влеговте за ФРОНТЕКС, како што требаше да поддржите европски предлог за отпочнување со ЕУ, јас сметам дека требаше да влезете. Како што треба да поддржите продолжување на патот во ЕУ, исто така сметам дека треба да го поддржите. Бидејќи нашата држава е држава на сите граѓани и сите граѓани заслужуваат да ги имаат истите права кои што ги имаат граѓаните на пример во Скопје, Велес, Гевгелија бидејќи тие се наоѓаат на потегот на коридорот 10. Не заслужуваат граѓаните на североисточниот регион, Крива Паланка, Куманово, на Струга, на Кичево итн, јас не ги делам граѓани по етничка основа. Гледам и по етничка основа почнавте да ги делите граѓани. Слушам таму некој вели коридорот ќе бил граница, кај се видело коридор да биди граница. Коридор е мрежа, не граница, коридор ги поврзува луѓето, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести