Соопштение за јавност
Тимови на караванот „Рамо до рамо до победа“ и денеска се меѓу граѓаните, посетувајќи неколку општини.
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев и Роберт Бекироски беа рамо до рамо со граѓаните на Неготино.
-СДСМ обезбеди силна поддршка за земјоделците и затоа денеска имаме рекордни исплати кон земјоделците. За два месеци над 86 милиони евра се исплатени кон земјоделците. Со вистински политики постигнавме највисока откупна цена на тутунот. За малите семејни винарии и годинава обезбедуваме грант од 10.000 евра. Затоа сме лидери во регионот со најголем извоз на флаширано вино, една од гранките по којашто е познат и овој регион. За младите исто така имаме мерки, грант од 10.000 и 20.000 евра даваме поддршка за младите активно да се вклучат во земјоделството. Жените земјоделки за прв пат во историјата после 30 години добија право на платено мајчинство, рече Богоев.
Бекировски пред присутните потсети на режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека 27 април е најцрниот ден во историјата на македонската демократија.
-За жал нема промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска, насилничка партија, додаде тој.
Во општина Лозово беа Даниела Рендевска и претседателот на СДММ Марко Михаилоски кои истакнаа дека СДСМ преку оперативниот план за вработување, како и преку мерките и неповратните грантови од 10 и 20 илјади евра за младите земјоделци, прави се за младите да останат во своите родни краишта.