fbpx

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ работниците беа третирани како евтина работа сила

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ градеше лажен барок, споменици и палми и го богатеше врвот на партијата, додека работниците тонеа во сиромаштија.

Белата палата газеше врз достоинството на луѓето, ги држеше платите замрзнати, а работниците ги третираше како евтина работна сила.

На скапи и непродуктивни роудшоуа ја промовираа нашата држава како рај за евтина работна сила.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ работниците едвај добиваа 8.900 денари минимална плата, дозволија вработените во текстилната и чевларската индустрија да земаат плата помала од законскиот минимум и да бидат дискриминарани.

Со години не ја покачуваа минималната плата, а кога СДСМ ја зголеми минималната плата, ВМРО-ДПМНЕ беше против со образложение дека тоа ќе довело до отпуштања на вработените.

ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите години ги блокираше сите закони кои беа во интерес на покачување на платите, докажувајќи дека е партија против работниците.

Последни вести