fbpx

Рамо до рамо во Сарај и Центар: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините, а не работат ништо

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ и денеска е на терен, меѓу граѓаните во скопскиот регион. Членката на ЦО на СДСМ, Славјанка Петровска заедно со Виктор Велевски во општина Центар, додека советничката во Советот на Град Скопје Љубица Јачева се сретна со граѓаните на општина Сарај.

Членката на ЦО на СДСМ, Славјанка Петровска заедно со Виктор Велевски посочија дека граѓаните на Центар можат да бидат задоволни што го имаат Горан Герасимовски за градоначалник, кој посветено работи за сите граѓаните и ги реализира проектите наведени во програмата.

-Започна изградбата на детската градинка во Центар, прва после 50 години, се реконструираат неколку улици, меѓу кои и Ленинова, во тек е реконстуркција на фасадите на неколку згради, енергетско ефикасни, на плочникот кај Зелено пазарче, обнова на неколку градинки. Посветено, одговорно и домаќински, тоа е односот на СДСМ кон граѓаните и државата. На централно ниво со своите мудри, храбри и државнички одлуки ја обезбедуваме европската иднина, истакна Петровска додавајќи дека токму поради таквите одлуки денес Северна Македонија е членка на НАТО, со гарантирана безбедност во време на војна тлото на Европа и конечно по 17 години, преговара за членство во ЕУ.

Сето тоа носи придобивки и за граѓаните, носи зголемени странски инвестиции, пристап до нови европски фондови и повеќе пари во македонската економија. Затоа заедно со вас, продолжуваме по европскиот пат, истакна членката на ЦО на СДСМ, Славјанка Петровска.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица немаат план, тоа е коалицијата на хаосот. Видовме што се случува во општините кадешто локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. За една година нема ниту еден нов реализиран проект, само ги задолжуваат општините и граѓаните, а не работат ништо, истакна Јачева, посочувајќи го како пример за најлошата локална власт владеењето на нивната градоначалничка во Скопје.

Имаме целосен колапс и тотален хаос, тие меѓусебно се борат за тендери и раце во медот а граѓаните се оставени сами на себе да се снаоѓаат и да страдаат, истакна Јанчева, додавајќи дека заради нив Скопје мака мачи со јавен превоз, десетици наследени и започнати проекти како Универзална Сала, мостот АСНОМ и клучката Момин поток стојат заглавени и не се градат.

Последни вести