Соопштение за јавност
Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“, организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески заедно со Ана Данева Маркова денеска беше меѓу граѓаните на општина Чаир, а во Чучер Сандево со граѓаните се сретнаа Каја Шукова и Наумче Мојсоски.
Андрески пред присутните се осврна на економските политики на СДСМ, нагласувајќи дека лани државата се влејаа рекордни странски инвестиции од над 700 милиони евра, се реализираат стратешки проекти од национален интерес.
Таков проект е изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д, вреден 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 51 отсто ќе завршат директно кај македонски компании. Покрај подобро поврзување со соседите и меѓу општините од овој дел на државата, изградбата на делниците ќе донесе и придобивки за економијата, истакна Андрески, додавајќи дека на опозицијата поважно од националниот интерес им е да одолговлекуваат и да шират невистини.
ВМРО-ДПМНЕ за секоја стратешка одлука важна за државата се на погрешната страна. Освен да шират лажни вести и да бараат избори, не знаат за ништо друго. Тоа го гледаме и во Собранието, но го гледаме и во општините што ги предводат нивни градоначалници, каде граѓаните наместо развој, добиваат повисоки сметки, рече Андрески.
Каја Шукова и Наумче Мојсоски, со граѓаните на Чучер Сандево истакнаа дека СДСМ го штити стандардот на граѓаните со зголемување на платите и пензиите, со намалување и замрзнување на цените на основните прехранбени производи не дозволи некој да профитира на грбот на народот.
Во време на светска енергетска криза, и покрај застрашувањата од опозицијата дека нема да има доволно струја и дека ќе има рестрикции, го зголемивме домашното производство на електрична енергија за 45 отсто, успешно се справивме со кризата, но и успешно реализираме енергетски политики особено во обновливи извори на енергија, за само 15 месеци се инсталирани 192 мегавати „зелена енергија“, истакна Шукова.